500x100-1
23. 02. 2010 10:20

Графиките на Јовановски во Радовиш

Графиките на Јовановски во Радовиш

 Кумановецот Далибор Јовановски (28), утревечер во 19 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура "Ацо Караманов" - Радовиш ќе се претстави со изложба на графики. 

 Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура  "Трајко Прокопиев" - Куманово.

  Јовановски е роден во Куманово, средно уметничко училиште завршил во ДСУПУ “Лазар Личеноски”, отсек сликарство.  Дипломирал 2008 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел за Графика, насока Графички дизајн, во класа на професор Зоран Јакимовски.

   Изложбата на графики беше промовирана во Куманово и Кратово,а младиот автор учествувал и на повеќе групни изложби во државата.