×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Избран нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

    16.07.2018 12:49 | KumanovoNews

    Филип Симоновски, дипломиран економист, е нов претседател на Унијата на млади сила на ВМРО-ДПМНЕ - општински комитет Куманово.

    Избран нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

    Тој денеска на прес-конференција се заблагодари на највисокото партиско раководство на довербата и го претстави својот тим.

    “ Ние младите во Македонија треба да го кренеме нашиот глас против промена на нашето име Македонија и против наметнување на друг јазик на целата територија на нашата држава! Оваа држава останува на нас младите. Ние сме деца на мајка Македонија и ние сме тие кои треба да ја кројат нашата иднина, не Заеви и неговиот клан. Мојот тим е составен од млади и амбициозни луѓе кои ја сакаат својата татковина. Ги повикуваме сите млади луѓе во нашиот град да ни се приклучат и да дојдат во големото семејство на УМС, - изјави Симоновски.

    Во раководството на младите во општинскиот комитет се Драгана Цаневска, секретар, потпретседатели Марко Додевски и Филип Стефановски и портпарол Кристина Петрушевска.

    Симоновски доаѓа на местото на в.д. претседателот Никола Перовиќ.