×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгласан Законот за заштита и спречување на дискриминација

    11.03.2019 14:46 | KumanovoNews

    Законот за спречување и заштита од дискриминација денеска беше изгласан од пратениците во Собранието.

    Изгласан Законот за заштита и спречување на дискриминација

    Со овој Закон се овозможува еднаква заштита и достоинствен живот за сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија.

    “Со овој Закон ги штитиме сите оние кои денеска не се заштитени и се дискриминирани, но се меѓу нас. Граѓаните не избраа со цел да ги заштитиме, да направиме одговорни политки кон секој еден, не само кон оние кои имаат слични верувања и убедувања со нашите“, изјави Царовска.

    Новиот Закон, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Законското решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот.

     Исто така, Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обеднитетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ-ОДИХР. Тие истакнуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го законодавството на ЕУ и меѓунардоните стандарди за човекови права.

    За законот гласаа 52 пратеника, тројца беа воздржани, од 61 присутен пратеник.