500x100-1
09. 02. 2010 16:43

Изградба и реконструкција на повеќе улици

Изградба и реконструкција на повеќе улици

140 милиони денари се предвидени за изградба и реконструкција на улиците и локалните патишата во Куманово. Според утврдената програма приоритет ќе имаа започнатите улици од минатата година, а за останатите се чека завршување на тендерската постапка.

Оваа година ќе се постави вертикална и хоризонтална сигнализација на булеварот „Октомвриска револуција“ и целосно завршување на булеварот „Трета МУБ“. Од улиците во централното градско подрачје предвидено е да се реконструира улиците „Питу Гули“, „Младен Стојановиќ“, додека од приградските населби ќе се средуваат улиците во населбата „Карпош“,„Тоде Мендол“, како и „Перо Чичо“ - вели Оливер Спасовски, секретарот на општината.

И минатата година локалната власт вложи 120 милиони денари за реконструкција на улиците во Општината.

Изградба и реконструкција на повеќе улици