×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии од Мухамедали Алили – Дали во Куманово

    31.10.2018 14:10 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре ќе биде отворена изложба на фотографии– “Скриени шепоти“ од академскиот уметник Мухамедали Алили – Дали.

    Изложба на фотографии од Мухамедали Алили – Дали во Куманово

    Изложбата содржи 30-тина фотографии од неговото најново творештво.

    Мухамедали Алили – Дали е роден на 01.06.1972 во Куманово, Македонија. Дипломирал на ФЛУ Скопје во 2000, отсек: графика, во класата на професор Димитар Малиданов. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија.

    Учествувал на многу групни изложби во Македонија и странство.