×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики на Ванчо Димоски

    17.03.2010 12:17 | KumanovoNews

     Утревечер со почеток во 19.30 часот во изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена самостојна изложба на слики на академскиот сликар Ванчо Димоски од Охрид.

    Изложба на слики на Ванчо Димоски

     Изложбата содржи дваесеттина слики во техниката масло на платно и е насловена како циклус “Контрасти“. Оваа изложба е прво самостојно претставување на Ванчо Димоски во Куманово.

    Ванчо Димоски (30) е роден во Охрид. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Симон Шемов, отсек сликарство, насока конзервација и реставрација. Самостојна изложба реализирал во Охрид, а учествувал на групни во : Скопје, Истамбул, Охрид, Куманово и Струга. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 30 март.