×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јовановиќ реизбран за претседател на Српска странка

    21.05.2018 07:00 | KumanovoNews

       Мирослав Јовановиќ е реизбран за претседател на Српска странка во Македонија.

    Јовановиќ реизбран за претседател на Српска странка

    Делегатите на второто Изборно собрание дадоа целосна подршка на досегашниот претседател и избраа нов централен одбор, кој ќе ја води партијата во наредните 4 години.

    „И во наредниот период со нашите коалициони партнери ќе работиме на подобрување на економската состојба во државата.  Истовремено ќе работиме и на подобрување на положбата на Србите во Република Македонија, бидејќи во моментот се на маргините. Во договор со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев пред 4 месеци во Белград беше договорено да започнеме парцијално да ги решаваме проблемите, како што е образованието, култура и останатите проблеми кои ги засегаат граѓаните“, - изјави Јовановиќ.

    Тој најави дека партијата во наредниот период ќе се шири и во останатите општини, а досега имаат 22 општински одбори. Истовремено работат и на поврзување со институциите во Србија, а најави подобрување на соработката и останатите српски партии во Македонија.

    Претседателот на општинската организација Куманово, Небојша Ѓорѓевиќ вели дека за 4 годишниот период од формирањето на партијата имаат голема масовност и напредок во партијата.

    „Имаме претставници во градскиот Совет, јавните претпријатија, ќе добиеме директор во основно училиште, така да работиме на зајакнување на српството во најголемата општина каде живеат Србите во Македонија. Односите со коалицијата се на високо ниво, - рече Ѓорѓевиќ.

    На Изборното собрание присуствуваа претставници од СДСМ и другите коалициони партии. Присутните ги поздрави пратеничката Лидија Тасевскa.