500x100-1
08. 08. 2019 17:05

Кампања за заштите од пожари: Да ги чуваме шумите за да н`е чуваат и тие нас

Кампања за заштите од пожари: Да ги чуваме шумите за да н`е чуваат и тие нас

 Претставници од Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово, денеска на Градскиот плоштад на кумановци им делеа флаери како дел од кампањата за намалување на заканите од пожари.

Целта на оваа кампања е да се делува превентивно и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи сме во таканаречен критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор.

„За настанување на шумските пожари во најголем дел е виновен човекот, поради неговото невнимание. Се препорачува да се чуваат шумите, да не се фрлаат отпушоци од цигари, догорчња, да не се палат стрништа. Меѓутоа во последно време многу често се случува и намерно потпалување, тоа е веќе работа за други институции“, - изјави Слаѓан Антевски од ДЗС.

Во Прирачникот за намалување на заканите од пожари се наведува како превентивно да се дејствува,  заштита од пожари, што да преземат доколку мора да се евакуира населението поради пожар и каде да пријават.

Во кампањата се вклучи и Отсекот за превенција при СВР Куманово и Територијалната противпожарна единица Куманово.

Поради топлото време на граѓаните со флаерите им се делеше и вода.


Кампања за заштите од пожари: Да ги чуваме шумите за да н`е чуваат и тие нас