500x100-1
12. 06. 2019 15:19

Кривична пријава за кумановец кај кој е најдена марихуана и амфитамини

Кривична пријава за кумановец кај кој е најдена марихуана и амфитамини

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.М.(19) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На шести јуни во Куманово, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај Т.М., при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамини.