×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за убиецот во Липково

    24.02.2010 17:02 | KumanovoNews

     Авдиљ Рама А.(26) од с.Мојанце-скопско е осомничен дека го убил Муамет Салиу (36) и тешко го ранил неговиот братучед Бурим Салиу (32) во селото Липково.

    Кривична пријава за убиецот во Липково

    Тој заработи кривична пријава за „убиство“ и „убиство во обид“ и полицијата работи на негово пронаоѓање, исто како и на тројцата негови соучесници со кои бил во колата кога го извршил убиството.Убиството се случи на 3 февруари, пред продавницата „Сал Идриз Ком“ во селото Липково, откако Бурим и групата насилници се скарале. Додека тој со братучедот стоел пред продавницата Авдиљ излегол од колата и со пиштол испукал неколку куршуми кон нив. При тоа смртно го ранил Муамет, а го повредил Бурим.

     Жителите на Липково беа згрозени од настанот,бидејќе Муарем бил убиен пред очите на своите малолетни деца.

    Неколку дена по убиството во селото Мојанце, полицијата го пронашла напуштен автомобилот марка мазда со кој побегнал  Авдиљ. Сопственикот на колата, брат на убиецот бил повикан на информативен разговор, но негирал дека воопшто бил во Липково.

    Како причина за убиството се претпоставува дека била расправија за девојката која работела во продавницата, братучетка на Бурим и Муарем, а пријателка на еден од групата.