×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец со камион удрил во БМВ, двајца загинати

    22.06.2019 10:42 | KumanovoNews

    Две лица загинаа, меѓу кои еден полицаец, во сообраќајната несреќа на автопатот во близина Скопје, кога камион удрил во две возила.

    Кумановец со камион удрил во БМВ, двајца загинати

    Несреќата се случила вчера во 16,30 часот на обиколницата, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар.

    Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар. Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите.

    Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.