×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка-најдобра млада актерка на фестивалот „Ристо Шишков“

    13.09.2019 12:57 | KumanovoNews

    Александра Михајловска од Театар Куманово е прогласена за најдобра млада актерка од меѓународното жири на Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

    Кумановка-најдобра млада актерка на фестивалот „Ристо Шишков“

    По седум години Кумановскиот театар, на овој фестивал се пријави со драмата „Недоразбирање“ од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска. Во егзистенцијалната драма играат четири актери од кумановскиот театар и еден актер гостин.

    „Благодарност до ФКТ „Ристо Шишков“ и до меѓународното жири на НЕТА за честа да ја носам титулата најдобар млад актер за улогата на Марта. Секој млад актер треба да ја има можноста да носи претстава. Секој млад актер треба да ја има среќата да работи со режисер што верува во него. Секој млад актер треба да има поддршка од екипата со која што работи. Ви благодарам колеги на и зад сцената. Ти благодарам Драгана Таневска“,- изјави Александра Михајловска, добитичничката на наградата за најмлада актерка.

    Ликот на Марта е олицетворение на осаменоста и рамнодушноста која од неа прави убиец. Иако Марта постојано мечтае да се ослободи од крчмата и бескрајната рамнина во којашто живеат со нејзината мајка, нејзиите рамнодушни постапки целосно ќе и` ја одземаат истата можност.

    Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков" во Струмица се одржува по 27. пат. Во пет фестивалски вечери ќе се одиграат десет претстави од театри од Бугарија, Хрватска и Македонија, со учество на около педесетина актер.

    Наградата за високото актерско остварување на 27-то издание од фестивалот беше доделено на хрватскиот ахктер Драшко Зидар, за улогата на Сладек во претставата „Аудиенција”, во режија на Дражен Ференчина.