×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово доби бесплатна библиотека на отворено

    19.04.2019 13:50 | KumanovoNews

    Од денеска, кумановчани ќе можат да позајмуваат и да донираат книги во првата мала бесплатна библиотека во градот.

    Куманово доби бесплатна библиотека на отворено

    Библиотеката е поставена пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а донирана е од затворот „Куманово“.

    „Станува збор за мала инсталација изработена од дрво, со околу 80 книги, кои им се на располагање на сите  кои помунуваат тука. Идејата ни беше да направиме нешто корисно и несекојдневно за нашите сограѓани, да го привлечеме вниманието на љубителите на читањето и да поттикнеме размена на книги. Добивме поддршка од раководството на Центарот за култура и Градската библиотека „Тане Георгиевски”, кои ни ги подарија првите книги на македонски, албански и англиски јазик, - изјави директорот на затворот Марјан Спасовски.   

    Под мотото „Земи, прочитај, врати“- граѓаните ќе можат бесплатно да земаат книги од библиотеката и да остават свои.

    Директорот на Центарот на култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски, очекува дека идејата ќе заживее и ќе се промовира читањето меѓу граѓаните. Планирано е вакви библиотеки да се постават уште на неколку локации, како што е Градскиот кеј, плоштадот и во парковите.

    „Little Free Library“ за слободна размена на книги заживеа во 2009 во САД, а се реализира во повеќе од 80 земји во светот.