×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово е град херој, да го зачуваме таков, порача Дамјановски

    11.10.2017 12:32 | KumanovoNews

    Куманово е град херој, да го зачуваме како таков, бидејќи историјата не повикува да имаме храброст за почитување на сегашноста, за разумно да ја градиме иднината“- порача градоначалникот Зоран Дамјановски од Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, на одбележувањето на Денот на народното востание-11 Октомври во Куманово.

    Куманово е град херој, да го зачуваме таков, порача Дамјановски

    Во своето обраќање тој потсети дека Куманово заедно со Прилеп пред 76 години се кренаа во борба против окупаторите, и по четиргодишна борба извојува национална и социјална слобода на македонскиот народ и создаде сопствена држава.

    „За слободата што денеска ја имаме паднаа многу жртви. Нивните имиња се врежани во мермерните плочи на оваа величенствена Спомен Костурница. Тие се тука како вечен спомен на кумановскиот и македонскиот непокор за едно славно и тешко време. Нашата денешна заложба е пак да се сочува плодот на нивната борба, да се зачува мирот и стабилноста, слободата и рамноправноста, стремеж за секогаш подобро утре. Тоа е нашиот долг кон жртвите на нашиот народ и не обврзува на новите генерации да им го јакнеме сознанието дека својата подобра иднина може да ја градат преку труд знаење, почитување на вистинските вредности и посветеност кон духот на слободата, разбирање и соработка меѓу луѓето, народите и државите “, - рече Дамјановски.

    Денот на востанието на македонскиот народ - 11 Октомври, Куманово традиционално го одбележа на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ.

    На свеченоста присуствуваа и цвеќе положија борците и делагации од централната и локалната власт, пратеници, министри, претставници од амбасади, политички партии и граѓани.