×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово платило 10.000 евра за апликацијата за Европски град на спортот

    27.02.2019 18:12 | KumanovoNews

    Општина Куманово платила 10.000 евра за апликацијата со која е прогласена за Европски град на спорот за 2019 година, од Европската асоцијација на градови на спортот (АCES Europe) од Брисел. Дел од средствата биле покриени од Општината, а дел ги обезбедиле донатори.

    Куманово платило 10.000 евра за апликацијата за Европски град на спортот

    Советничката на ВМРО-ДПМНЕ Анета Шандева на денешната седница на Совет побара одговор колку средства од Буџетот на Општината се издвоени за таа намена.

    „Ние станавме Европски град на спортот и сето тоа е успех за нашиот град. Меѓутоа во последната реченица стои:„Водејќи се по правилникот на апликација, трошоците за апликацијата беа финансирани дел од Општината, дел од спонзорите во вкупен износ од 10.000 евра“. Колку е делот на спонзорите, а колку е делот на Општината за да може да аплицира да станеме Европски град на спорт, - праша Шандева,  расправајќи по годишниот извештај за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2018 година.    

     Овластениот раководител на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции,  Марија Бабан, рече дека е на должноста од 1 јануари годинива, поради што не ги знае точните информации од минатат година, па затоа одговорот ќе го достави писмено.

    Куманово беше прогласено за Европски град на спортот за 2019 година, на 21 ноември минатата година, во категоријата средни градови од 25.000 до 500.000 жители. Доделувањето на повелбата беше на 4 декември лани во Европскиот парламент во Брисел.

    Градовите на спортот имаат обврска во текот на годината да работат на популаризација и унапредување на спортот и да организираат спортски настани, манифестации и натпревари во рамките на сопствените можности и проценки.

    „Се надевам дека Куманово и во 2019 година со ист интензитет ќе продолжи да го развива спортот. Ние очекуваме на секои три месеци да видиме како Куманово напредува во спортот и ви посакувам да уживате во признанието“, - изјави Џон Свонсон, потпретседател на Асоцијацијата на градови на спортот во Европа на промоцијата на манифестацијата во Куманово.

    Во првите два месеци од годината Европската престолнина на спортот не организираше ниту една спортска манифестација или натпревар на локално, регионално или државно ниво, под знамето Европски град на спортот. 

    Досега ниеден град од Македонија не добил вакво признание.