×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово по петти пат е центар на фотографската уметност

    18.05.2018 07:15 | KumanovoNews

    Во чест на првото фотографско семејство во современата историја на Куманово, кое воедно е меѓу учесниците – создавачи на фотографската уметност во поновата ера на Македонија, секоја година фото друштвото „Куманово“ за пошироката јавност го организира „Малински фото фестивал“, кој, патем, е со меѓународно обележје.

    Куманово по петти пат е центар на фотографската уметност

    Годинешното петто јубилејно издание ќе се оддржи од 21. до 27. мај,  и ја слави фотографијата низ пет градови во Македонија, опфаќајќи ги општините Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кратово и Штип.

    Учесниците доаѓаат од Азербејџан, Полска, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, како и бројни учесници од Македонија.

    Имајќи го во предвид фактот, дека фотографската традиција во Македонија честопати била нарушувана, раководството на фото клубот го соопшува следново:

    „Оваа година фестивалот на фотографијата „Малински“ го отвараме со стамена идеја и силна надеж, дека само сплотени можеме да успееме во витлите на времето, а овој настан ќе заслужи да го нарекуваме замокот на фотографското единство, кој ќе опстојува низ годините, надживувајќи не нас, но истовремено, одржувајќи го жив споменот на нашиот скромен придонес во зародишот на една ваква благородна и безвременска идеја“.

    „Малински“, годинава ветува богата содржина преку предавања, изложби, приказ на уметничката страна на фотографското искуство, како и размена на идеи. Инаку, фото излагањата во општината Куманово се предвидени во Градскиот театар, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, како и Уметничката галерија.

    Свој допринос за фото проекциите изразува и основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово, чии млади учесници сведочат, дека модерното живеење е целосно, кога во свој центар, меѓу другите дејносни гранки, ја има и фотографијата како уметност.

    Фото клубот „Куманово“ е вистински промотор на македонската фотографија, бележник на историјата на постоењето на нашиот народ, а воедно и пример за почитувач на фото уметноста.

    Спаѓа во редот на најактивните клубови во Македонија, кој спроведува проекти со фото организации од Канада, Египет, Саудиска Арабија, Иран, и е почесен член на ФИАП, ПСА и ИИАП.

                                                          (Сандра Трендевска)