500x100-1
16. 11. 2018 16:30

Куманово распиша конкурс за избор на сувенир за 2019

Куманово распиша конкурс за избор на сувенир за 2019

Општина Куманово, по трет пат распиша конкурс за избор на сувенир на градот, заради промоција и развој на туризмот.

Сувенирот треба да содржи елементи на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоци.

За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс…, идејната концепција, развојот и начинот на изработка треба да бидат текстуално образложени.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 10 декември 2018 година.

Општината ќе додели една награда во вредност од 30.000 денари.

На минатогоишниот конкурс за сувенир на Општината победи сувенирот „Пиле -копче“- женски накит од традиционалната народна носија од 20 век, карактеристична за кумановскиот регион.