500x100-1
09. 09. 2019 09:32

Кумановскиот музеј ќе го истражува влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот

Кумановскиот музеј ќе го истражува влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот

Кумановскиот музеј Куманово започна со реализација на меѓународниот проект „Влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот на Куманово“.

Проектот се состои во документирање и анализирање на средновековните солунски споменици и можните врски и паралели со спомениците од движното и недвижното наследство од регионот на Куманово.

 „Претставник од Музејот престојуваше во Солун, каде што изврши истражување на оваа проблематика и теренско документирање на спомениците кои се од интерес на проектот, преку кои што, според првичните анализи, се забележува интензивна комуникација меѓу двата региони. Комуникацијата е видлива преку протокот на материјалните добра, но и преку интензивната размена на искуства и знаења, главно преку сликарството и архитектурата, - информира раководителот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски.

Во наредниот период, планирана е посета на експерт од Музејот на византиската култура во Солун, кој ќе изврши увид во движното културно наследство од византискиот период во кумановско, и ќе даде свое согледување на трговските и културните конекции меѓу двата региона.