×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП го прослави 20-от роденден

    21.04.2017 10:44 | KumanovoNews

    Општинската организација на ЛДП го прослави 20-от роденден во присуство на голем број гости, членови и симпатизери.

    ЛДП го прослави 20-от роденден

    На прославата во Куманово дојде и највисокото централно раководство, а присутните ги поздрави претседателот Горан Милевски, кој посака по долги години опозиција да дојдат на власт.

    „Дваесет години Либералнодемократската партија успеа да опстане на политичката сцена, многу политички партии преку ноќ се кренаа и згаснаа, ние сме во континуитет веќе 16 години опозиција, за жал, а 4 години на власт. Па затоа една од нашите желби се наредните 20 години да бидеме повеќе на власт отколку во опозиција, бидејќи во изминати години апсолутно ништо не се промени во Македонија, - рече Милевски.

    По повод 20-годишниот јубилеј поранешните претседатели на општинската организација Куманово добија благодарници за досегашниот придинес во развој на партијата.

    -ЛДП е секогаш компактна и здружено поминувала низ сите фази на нејзиниот развој и работата во партијата. Од постарите претседатели секогаш имаме само бенефит, бидејќи нивното драгоцено искуство го пренесуваат на младите генерации и на нашето централно раководство, -истакна Ивица Костовски, претседател на ОО на ЛДП.

    Поранешниот претседател на ЛДП, Зоран Павловски вели дека со гордост може да се пофали дека имале градоначалници, советници, директори, заменици и други извршни функции, кои докажале дека се успешни во политиката.

     “Во изминатиот 20 годишен период имавме многу успеси и неуспеси, на самата локална сцена некогаш бевме многу појаки, некогаш послаби, некогаш членството флуктуираше бидејќи на централно ниво долги години сме во опозиција, но оние најистрајните, најискрените останаа до крај, што покажува и денеска дека секогаш можеме да собереме доволен број и да излеземе на избори и да не се посрамотиме„- рече Павловски.

     На роденденската прослава присуствуваа градоначалникот Зоран Дамјановски, претставници на коалициските партии СДСМ и НСДП, пратеници, советници, бројни членови и симпатизери на партијата.