500x100-1
08. 08. 2019 13:28

Ликовна изложба „Магија на цветовите“ на Тасим Кадрија во Куманово

Ликовна изложба „Магија на цветовите“ на Тасим Кадрија во Куманово

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Магија на цветовите“ на Тасим Кадрија.

Пред публиката ќе бидат изложени преку триесет дела со изобилството на бои, во кои авторот се обидува да ја отслика убавата страна на светот и животот.

Истоимената изложба, Тасим Кадрија, со помош на Министерството за култура на РСМ, ја има поставено и во галеријата на КИЦ во Софија.

Тасим Кадрија е вработен како наставник по ликовно образование во основното училиште „Фаик Коница“  во село Слупчане. Воедно, има учествувано на груни изложби во: Куманово, Скопје, Кавадарци, Гостивар, како и во Софија, Велико Трново, Смолјан, Јамбол, Севлиево и градот Елена.