×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонскиот филм „Исцелител“ ќе се прикажува во Куманово

    15.05.2018 10:05 | KumanovoNews

     Во Младинскиот културен центар „Козјак“ во Куманово (поранешно кино Козјак) од четврток до недела ќе се прикажува филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески.

    Македонскиот филм „Исцелител“ ќе се прикажува во Куманово

     „Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, односно исцелител.

    Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите: Аксел Мехмет, Диме Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други.

    Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на „Фрагмент филм“ од Скопје.

    „Исцелител“ ја освои наградата на публиката на Солунскиот филмски фестивал (прва во македонската историја), специјалната награда за сценарио на Фестивалот на медитерански филм во Брисел, а доби и фантастични рецензии во речиси сите филмски списанија, како „Варајети“, „Скрин Дејли“ и „Холивуд Репортер“ каде дури беше предложена и идејата да се направи американски римејк на филмот.

    Билетите за филмот „Исцелител“ се веќе во продажба. Цената е 100 денари и се продаваат во просториите на МКЦ „Козјак“ секој работен ден од 09. до 13. часот. Ќе можат да се купат и пред прикажување на филмот, на билетарата на МКЦ „Козјак“ Куманово, која ќе работи од 18.30 часот до почетокот на филмот во 20. часот.