×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Манасиевски: Македонија нема перспектива со Груевски и Црвенковски

    11.02.2010 11:53 | KumanovoNews

    Највисокото партиско раководство на ЛДП, предводено од лидерот Јован Манасиевски, синоќа во Куманово се сретна со членовите и симпатизерите. При тоа беа врачени членски книшки на претежно млади луѓе кои пристапиле во партијата.

    Манасиевски: Македонија нема перспектива со Груевски и Црвенковски

    Последниве денови во јавноста се пласираат шпекулации дека се одлева нашето членство и преминува во други партии. Вечерва го докажавме спротивното и ќе поделиме 30 членски книшки на наши нови членови и ќе покажеме дека нашиот број постојано се зголемува - рече претседателот на општинската организација Драги Јаневиќ.

    Лидерот Манасиевски во своето обраќањето пред сопартијците зборуваше за актуелните политички случувања во државата, а упати критики кон претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и новиот опозиционен блок, како до владејачката партија и премиерот Никола Груевски.

    Ние во изминатиот период се изјаснивме дека наша главна цел ќе биде да ја поразиме политиката на Никола Груевски и тој да се тргне од власт. Но, притоа мора да внимаваме да не направиме друга грешка и на власт да го вратиме Црвенковски. Во државата треба да дојдат нови луѓе кои ќе знаат да водат модерна политика и да ја поведат државата напред. Црвенковски пред десетина дена покажа дека нема ништо ново да понуди и затоа тој е најпосакуваниот противник на Груевски, бидејќи нема агенда за негово сменување  - рече Манасиевски.

    Манасиевски смета дека нивната борба, можеби изгледа донкихотовска, но како партија на центарот мораат да понудат нови алтернативи и да се борат за вредностите што ги презентираат.

    Македонија не може да оди напред со античка политика, ниту со носталгијата за СФРЈ. Има потреба од нова политика и ние заедно со останатите партии, невладини организации и поединци мора да трасираме нов пат кој ќе ја одведе Макењдонија во европското семејство - рече лидерот на ЛДП.