500x100-1
30. 09. 2010 10:31

Меѓународна изложба на уметничка фотографија

Меѓународна изложба на уметничка фотографија

 Утре во Уметничка галерија, ќе биде отворена петтата Mеѓународна изложба на уметничка фотографија "Фото Салон Куманово 2010". Отворањето е закажано во 20 часот.

 Организатор на изложбата е Фото Кино Клуб "Козјак 50" од Куманово, кој годинава обележува 60 години од основањето. На престижната 5-та Меѓународна Изложба на Уметничка Фотографија – „Фото Салон Куманово 2010„ на слободна тема пристигнаа  1038 фотографии на 262 автори од 47 земји.

Петиот Интернационален „Фото Салон Куманово 2010„ повторно е под покровителство на Светската Федерација на Уметничка Фотографија – FIAP со седиште во Париз. Фото Салонот  моментно е единствена изложба од Македонија која е под покровителство на FIAP.

Меѓународна изложба на уметничка фотографија