×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2019“

    31.10.2019 13:48 | KumanovoNews

    Фото кино клуб „Козјак“ по тринаесети пат ја организира меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2019.

    Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2019“

    Традииционалната меѓународна изложба собра фотографии на наши и странски автори а учесниците имаа можност да се учествуваат во пет категории и тоа Портрет, Природа, Слободна тема црно–бела, Слободна тема колор и Фотожурнализам.

    Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб Козјак и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот. Традиционално се организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2019.

    Отворањето на изложба ќе биде овој петок во Уметничката Галерија со почеток во 19:30 часот.

    Историјата на оваа изложба започнува во 1962 година, најпрвин како клупска и меѓуклупска, за да подоцна прерасна во меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон стана една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.