×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Место оџата, деца пееја молитва во џамија

    24.08.2010 07:44 | KumanovoNews

    Децата влегле во џамијата, додека стражарите биле излезени до продавница. Го искористиле моментот што биле сами и додека ја разгледувале џамијата го вклучиле системот за озвучување и си поиграле со микрофонот.

    Место оџата, деца пееја молитва во џамија

     Вчера во кумановската џамија пееја деца место оџата. Во 9.15 часот од минарето на џамијата „Татар Синан паша„ во центарот на Куманово почнаа да ечат неартикулирани и неразбирливи гласови и звуци. Прво се имитираше оџата и имаше обид да се пее молитвата, а потоа се слушнаа стихови од некоја албанска песна. Неколку минути вревата и џагорот се разнесуваше преку разгласот на џамијата низ центарот на градот. Утринската „молитва„ најмногу ги изненади  жителите од околните згради и граѓаните што минуваа покрај џамијата. Вчудоневидени, љубопитно застануваа и ѕиркаа преку оградата да разберат што се случува. Верници кои во моментот се најдоа во близина  се стрчаа во џамијата за да видат кој пее внатре и да го спречат неартикулираното дивеење преку озвучувањето. Малку потоа изнесоа неколку деца и ги избркаа што подалеку од светото место. Три деца на возраст од петнаесетина година влегле во џамијата и го вклучиле системот за разглас и почнале да пеат и да си играат.

    „Никој не ги знае кои се ниту  им ги знаеме родителите, бидејќи не се од тука, туку од Австрија. Но не е убаво што се така воспитани, да сквернават светото место и верски чувства„ - раскажува еден очевидец.

    Децата влегле во џамијата, додека стражарите биле излезени до продавницата. Го искористиле моментот што биле сами и додека ја разгледувале џамијата го вклучиле системот и си поиграле со микрофонот. Бидејќи се рамазански пости, претпладне во џамијата има помалку верници за разлика од обичните денови кога посетеноста е многу поголема.