×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МЗШВ: Се укинува забраната за движење во шуми и шумски подрачја

    11.04.2019 14:48 | KumanovoNews

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на  Јавното претпријатие “Национални Шуми” ја укинува забраната за движење во шуми, донесена на 29.03.2019 година.

    МЗШВ: Се укинува забраната за движење во шуми и шумски подрачја

    Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.

    Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потсетува дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

    За непочитување на одредбите од Законот за ловство  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловство.