500x100-1
14. 12. 2010 15:46

На дневен ред беа јавните комунални претпријатија

На дневен ред беа јавните комунални претпријатија

Советниците на денешната седница расправаа и усвоија, извештаи за финансиско работење во последниот квартал од годината на јавните претпријатија „Водовод„, „Чистота и зеленило„ и „Куманово-Гас„.

 Одлучуваа и за неколку предлог програми и решенија од доменот на работењето на ЈП „Чистота и зеленило„ што се однесуваат на одржување чистота на јавните сообраќајни површини, уредување и одржување на градското зеленило, динамиката на изнесување на гратскиот смет, како и предлог-одлуката за утврдување на цените на услугите на ЈП „Чистота и зеленило„ во идната година.

Неколку предлог документи од сличен карактер се однесуваат и на ЈП „Пазаришта„ и ЈП „Куманово-паркинг„. Соодветен интерес кај советниците предизвикаа и останатите точки од дневниот ред, меѓу кои и Информацијата за бесправно изградени објекти на подрачјето на Општината Куманово, како и за проблемите околу депонирање на градежен шут и друг цврст отпад на диви депонии во периферните делови на Куманово и пошироко.