500x100-1
24. 05. 2019 13:19

Наградени учениците на генерацијата во кумановските училишта

Наградени учениците на генерацијата во кумановските училишта

Вкупно 29 ученици од основните и средни училишта од општините Куманово и Старо Нагоричане, беа прогласени за ученици на генерацијата, по повод Денот на словенските просветители “Кирил и Методиј“ и Денот на просветните работници.

Манифестацијата, традиционално ја организира Регионалното здружение нa просветните работници со подршка на локалната самоуправа Куманово, а учениците, наставниците, нивните родители и гостите ги поздрави претседателот на здружението Бобан Поповски и секретарот на Општината Десанка Стошевска.

 За првенци на генерацијата 2018/2019 година од основните училишта прогласени се: Сара Илиевска од ПОУ „Гоце Делчев“, с. Агино село,  Мерале Милдесани од ООУ „Кирил и Методиј“ с. Романовце, Јована Пауновска  од ООУ „11 Октомври“, Јасир Неџипи од ОУ „Битолски Конгрес“ с. Лопате, Милена Малиновска од ООУ „Битолски Конгрес“ с. Лопате, Ана Стопиќ од ООУ „Браќа Миладиновци“, Христина Томиќ ОУ „Браќа Рибар“ с. Табановце, Веса Хасани од ОУ „Бајрам Шабани“, Лука Китановски од ООУ  „Вук Караџиќ“, Аниса Таири од ООУ „Јероним Дерада“ с. Черкезе,  Давид Цветковски од ООУ „Кочо Рацин“, Бојана Митровска од ООУ  „Карпош“ с. Умин Дол, Мила Павловска од ООУ „Магдалена Антова“, Елза Меметовиќ од ООУ „Наим Фрашери“, Сара Величковска од ООУ „Светозар Марковиќ“ Старо Нагоричане, Сара Кипријановска од ООУ „Толи Зордумис“, Хана Арифи од ООУ „Толи Зордумис“,  Таме Алексовски од ООУ „Христијан Карпош“,  Антонио Петковски  од ООУ „Кристијан Тодоровски Карпош“ с. Драгоманце, Стефан Велиновски од ООУ „Христијан Карпош“ Младо Нагоричане и Ева Марковска од ООУ „Крсте Мисирков“.

Од средните училишта:Теодора Домазетовиќ од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Стефан Зарковски од СОУ „Перо Наков“, Миџибере Зифери од СОУ „Перо Наков“,  Мила Станковска од ОСТУ „Наце Буѓони“ , ОСТУ „Наце Буѓони“ – Веса Шерифи, Арт Латифи СОУ Гимназија „Сами Фрашери“, Јована Живковска од СОУ „Киро Бурназ“ и Билал Галиу СОУ „Киро Бурназ“.