×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наташа Додевска освои две награди за фризури во Подгорица

    21.05.2019 07:28 | KumanovoNews

    Фризерката Наташа Додевска, сопственичка на фриерското студио „Нате“ во Куманово, викендов освои две награди на Меѓународен натпревар на фризери во Подгорица, Црна Гора, што го организираше Светската фризерска асоцијација ОМЗ.

    Наташа Додевска освои две награди за фризури во Подгорица

    На натпреварувањето учествувале 300 фризери од балканските земји, а таа беше единствена учесничка од Македонија во женска категорија.

    „На едно место се собраа најдобрите фризери од Балканот, а натпреварот беше под покровителство на Светската фризерска асоцијација. Не можам да ви го опишам чувството да се најдете на едно толку престижно натпреварување и да добиете награда. Јас учествував во две дисциплини фризура за невеста и гала фризура. Освоив две награди и две дипломи за гала фризурата и за целокупниот стајлинг, - раскажува Наташа.

    Таа додава дека на натпреварувањето не само што се претставувале себе си, туку и фризерите од Куманово и цела Македонија што и било мотив повеќе да работи посветено и да ја покаже нејзината креативност и знаење.

    Искуството и е непроценливо за нејзината понатамошна работа и усовршување како фризер, бидејќи планира следните нејзини предизвици да бидат натпреварувањата во Белград, Милано и Париз.

    Додевска е посебно задоволна од приемот на организаторите Фризерската асоцијација на Црна Гора и претседателот Зоран Вукчевиќ.  

    Пред еден месец  Наташа освои две награди, две втори места за изработка на невестинска фризура и фантазија фризура на Меѓународниот саем на фризури во Скопје, во организиција на Македонската фризерска асоцијација.

    Студиото „Нате“ се наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“,  работи од 2001 година, а наскоро ќе отвори Академија за фризери, прва во градот, која е лиценцирана од Министерството за образование.