×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Не биди ѓубре“ собра 50 вреќи смет помеѓу зградите на „Октомвриска“

    20.08.2019 09:38 | KumanovoNews

    Над 50 вреќи ѓубре собраа волентерите на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре", на булеварот „Октомвриска револуција“, во близина на средното училиште „Перо Наков“.

    „Не биди ѓубре“ собра 50 вреќи смет помеѓу зградите на „Октомвриска“

    На шестата еколошка акција се чистеше околу стамбените згради, со цел да се мотивираат оние кои живеат во близина и го направиле сметот да се вклучат во чистењето.

    „И покрај тоа што сите беа известени, многу мал број на граѓани се приклучија. На акцијата дојдоа оние кои веќе редовно доаѓаат на сите акции до сега, т.е. заинтересираноста расте со многу мал интензитет. Главната цел на акциите е да се приклучат повеќе луѓе и да станат посвесни каде го фрлаат ѓубрето. Во спротивно единствен лек се паричните санкции. Ако не ни помагаат барем да престанат да загадуваат" - вели Јована Спасиќ, волонтер во „Не биди ѓубре".

    Од "Не биди ѓубре", додаваат дека се` уште не може да се исчисти онолку колку што луѓето можат да извалкаат. Тоа може да се забележи и по претходно исчистените локации, затоа што повторно се полни со смет.

     Од друга страна, охрабрува заинтересираноста на малите претпријатија кои нудат помош со цел да ја олеснат работата на "Не биди ѓубре".