500x100-1
23. 02. 2010 16:12

Недела на борба против срцевите заболувања

Недела на борба против срцевите заболувања

Црвениот крст во Куманово ја одбележува „Неделата на борбата против заболувањата на крвните садови“ која трае од 21-28 февруари под мотото „Сочувајте го здраво вашето срце и крвните садови!“.

Дебелината, неправилна исхрана, пушење и физичка неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари, како последица на болестите на крвните садови, кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики и животен стил се се почести меѓу децата и адолесцентите.

Во петок за членовите на Собранието ќе се одржи предавање за заштита од болестите на крвните садови, преку храната и другите активности за да намали ризикот од појавата на срцевите заболувања - вели секретарот Иле Митковски.

Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17 милиони луѓе. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеќе заболуваат лица под 65 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот.

Во Црвениот крст покрај овие активности, постојано работат и на реализација на сопствената програма. Во четврток во Техничкотоп училиште „Наце Буѓони“ ќе се организира крводарителаска акција.