×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ново урбано место за уживање „Bravo Pool cafe“

    07.03.2019 17:27 | KumanovoNews

    Во Куманово синоќа започна со работа нов модерен угостителски објект „Bravo Pool cafe“. Кафе барот се наоѓа во комплексот на затворениот градски базен и претставува извондерно место за дружење и уживање преку ден и во вечерните часови.

    Ново урбано место за уживање „Bravo Pool cafe“

    „Убаво и урбано место каде што ќе можат нашите сограѓани да се забавуваат. Целната група ни се младите, меѓутоа апсолутно сме отворени за забава на сите возрасти на гости. Ќе се потрудиме да ги угостиме сите, сите се добредојдени и годините не се пречка“, - изјави менаџерот Ивана Богдановска.

    Уникатното ентериерско решение, голем избор на алкохолни и безалкохолни пијалаци, начинот на услуга и позитивната енергија што ја пренесуваат на секој гостин, се само дел од нештата што овој локал го прават многу пријатно и поразлично место од другите локали во градот.

    „Имаме 13 видови на алкохолни и безалкохолни коктели, различни видови и вкусови на кафиња, ќе бидеме препознатливи по нив во градот.Секоја вечер ќе има различни забави и журки, со познати бендови и диџеи, особено за викендите, - додава Богдановска.

    Во најскоро време „Bravo Pool cafe“ ќе добие и летна бавча за престојната сезона и топлото време.

    Од кафе барот порачуваат дека максимално се потрудиле да го изберат најдобриот персонал за работа, искусни професионалци, кои ќе одговорат на барањата на сите гости.