Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставата „Печалбари“ од Антон Панов во режија на Дејан Пројковски што премиерно требаше да се прикаже утревечер во Народниот театар е одложена. Причина за ваквата одлука се здравствени проблеми на режисерот Дејан Пројковски.
„Ние претставата ја подготвивме речиси 90 насто и ни останаа уште неколку финални проби. Но поради болеста на режисерот претставата ја поместуваме по празниците. Најверојатно ќе биде околу 15 јануари“ - изјави директорката Наташа Крстевска.
Од театарот се извинуваат на публиката и очекуваат разбирање.