×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одземен пасошот на лицето кое повикуваше на насилство на Фејсбук

    23.04.2019 12:58 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против жител на с.Пелинце, Општина Старо Нагоричане, поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

    Одземен пасошот на лицето кое повикуваше на насилство на Фејсбук

    Осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа.

    Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, поведувајќи ја постапката против осомничениот, ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка на Основниот суд Куманово достави и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот. Предлогот беше прифатен, па со Решение на осомниченото лице му се определени мерките на претпазливост според кои привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот.