×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општата болница Куманово успешна приказна за јавна здравствена установа, велат од СДСМ

    19.07.2019 12:25 | KumanovoNews

    Менаџерскиот тим на Општата болница Куманово, предводен од директорката Снежана Захариева, е светол пример за водење на јавна здравствена установа која во континуитет работи на унапредување на квалитетот на јавното здравство и пружање на здравствена заштита на највисоко ниво, велат од општинската организација на СДСМ Куманово.

    Општата болница Куманово успешна приказна за јавна здравствена установа, велат од СДСМ

    Според портпаролката Катерина Пешиќ Бошковска, со домаќинското работење првите луѓе на болницата во изминатите две години успејале да вратат долг од 800.000 евра кон ЕВН и ЈП „Водовод„, а набавиле и нови апарати од сопствени средства, во вредност од над 100.000 евра.

    Набавени се: нов стерилизатор, спирометар за пуломогија, холтер апарат за дијагностика за пореметување на срцев ритам, ЕКГ за интерно одделение, стробоскоп за дијагностика за одделението за уво, нос и грло, како и гастроскоп со кој работи обучена лекарка, интернистка. Прегледите веќе се вршат и сите новонабавени апарати се пуштени во употреба за нивната намена, - изјави портпаролката Пешиќ Бошковска.

    Болницата има успешна соработка и со Министерството за здравство, а со поддршка на Владата на РСМ, а наскоро ќе биде отворен и новиот хирушки ургентен центар, во кој ќе бидат сместени итната хирушка, ортопедска и анестезиолошка амбуланта, компјутерска томографија и ехо дијагностика.

    „Дополнително, покрај новиот објект, со сопствени средства на болницата се реновираа и клиничката и биохемиска лабораторија со нов шалтер, собите и ходниците на инфективното одделение се изолирани и варосани, комплетно е обновена салата за состаноци и архивата, реновирани се собите на гинеколошко-акушерското одделние, а обновени се и просториите за безбедносната служба и камери за видео надзор. Новиот центар за згрижување на жртви од сексулано насилство веќе една година работи успешно. Паралелно со обновувањето и реконструкцијата, а сè со цел подобрување на условите за третман на пациенти, се унапредуваат и стручните вештини на вработените, во однос на дополнителни специјализации. Покрај постојните 79 специјалисти, континуирана едукација на вработените ќе се оствари и во областа на: физикална терапија, инфективнoто одделение, анестезија, психијатрија, како и субспецијалисти за кардиологија и неонатологија, РТГ дијагностика и оториноларингологија (ОРЛ), - додава портпаролката.

     Болницата во изминатиот период обезбедила и повеќе донации од: Владата, Министерството за здравство, Фондацијата HOPE, LIONS club, Ротари клуб, Црвен крст и други приватни фирми и донатори, а најавена е е и донацијата на Пивара Скопје, за адаптација на просторија за школа за родители во административниот дел на болницата.