Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Ф.(23) од Крива Паланка за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.
На 05 февруари годинава во населбата Карпош, при извршен претрес на автомобил „фолсфаген пасат“ управуван од пријавениот, пронајдени се 830 парчиња текстилна стока во износ 41.819 денари.Пријавениот ја набвил стоката во Бугарија и за истата не поседувал соодветна документација, а имал намера да ја продава на пазар во Скопје.