×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Откриени злоупотреби во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

    04.06.2019 10:58 | KumanovoNews

    Кумановската полиција до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против С.С (64) и Џ.Н (41) од с.Слупчане, општина Липково, поради основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, и против Е.А (35) и А.Б (43) од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги.

    Откриени злоупотреби во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

    Имено, Џ.Н како директор на Дом за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово со помош на С.С. како претседател на Управниот одбор, на седницата одржана на 13.07.2015 година, на дневниот ред ставил точка  за донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата и му дал уверување дека истата е неопходна за почеток на формирање на систем- програма за плати што е неопходно за нормално функционирање на Дом за стари лица.

    По ова С.С. на дневен ред под точка 4 ставил донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата за која бил должен да знае дека е спротивна на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година и излегува надвор од негови овластувања.

    Со горенаведените дејанија С.С и Џ.Н им овозможиле на вработените во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток“ во период од месец август 2015 до месец мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928,00 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134,00 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 4.379.062,00 денари.

    Е.А. и А.Б иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот работни задачи, под точка Чување и надзор на документите во работните простории“, на точно неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент.