×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Падна канделабра на Градскиот плоштад

    25.08.2019 08:34 | KumanovoNews

    На Градскиот плоштад во Куманово, поточно на шеталиштето  пред Телеком, синоќа падна украсна канделабра со две светилки.

    Падна канделабра на Градскиот плоштад

    Се откорнал столбот што ги држи светилките, додека металната подгола останала зацврстена на тротоарот. Скршени се дел од стаклата на светилките, а откачена е електричната инсталација.

    Не е познато дали некој намерно ја турнал канделабрата.

    На социјалните мрежи граѓани кажуваат дека светилката сама паднала и за малку ќе удрила човек.

    Синоќа беше многу фреквентно на градскиот плоштад, поради што граѓаните со љубопитство ја одминуваа канделабрата и коментираа.

    Новите канделабри, клупи и кантички за отпад, Општината ги намести во октомври минатата година на повеќе локации во централното градско подрачје.