×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пафта победи на конкурсот за сувенир на Општината

    08.06.2017 12:20 | KumanovoNews

    “Пафта-украс од женски колан носија”, победи на конкурсот за избор на сувенир што го распиша Општина Куманово.

    Пафта победи на конкурсот за сувенир на Општината

    Пафта или тока е дел од традиционалната кумановска носија, рачна изработка на филигран со позлата на керамичко-пластична подлога. Наградата ја доби уметничкото студио „Сигнум“ кое се занимава со изработка на сувенири.

    „На конкурсот пристигнаа 6 сувенири, а во конкуренција влегоа 5 експонати. Со одлука на жирито победи сувенирот пафта или тока од колан, со традиционални мотиви. Ние сме задоволни од квалитетот и верувам дека избравме автентичен сувенир на градот, - изјави Зоран Павловски, раководител на Секторот за даноци и економски развој.

     Победникот ќе добие награда од 30.000 денари, а има обврска да достави одеден број на примероци од сувенирот согласно неговата проценета вредност во рамките на наградата.

    Сувенирот ќе се користи за промоција на градот на домашни и странски делегации и гости, кои ја посетуваат општината Куманово.

    Од Секторот најавуваат дека наредната година ќе биде распишан сличен конкурс заради развој на занаетчиството и изработка на автентични сувенири за кумановскиот крај, отварање на сувенирница и туристичко биро и потикнување и развој на туризмот во градот.