×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина Момчило Јовановски

    20.12.2016 16:58 | KumanovoNews

    Почина поранешниот градоначалник Момчило Јовановски на 85 годишна возраст.

    Почина Момчило Јовановски

    Јовановски е роден на 1 август 1931 година во Куманово. Завршил гимназија во Куманово и Економски факултет во Скопје. Професионалната кариера ја градела како комерцијалист во Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“, генерален директор на ЗОИЛ Македонија и директор во Агро-Индустриски комбинат Куманово. Како истакнат општествено-политички работник од 1974-1978 година е претседател на Собoр на здружен труд во општина Куманово, од 1978 до 1982 година е претседател на извршен совет при Собрание на општина Куманово, а од 1982-1986 година го водел градот како претседател на Собранието на општина Куманово.  

     Погребот ќе се изврши утре (21.12.) во 14 часот на Градските гробишта во Куманово.