×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнува јавниот увид во избирачкиот список за референдумот

    09.08.2018 10:38 | KumanovoNews

    Jавниот увид на податоците во најновата верзија на избирачкиот список, за претстојниот референдум на 30 септември, почнува од денеска и ќе трае до 23 овој месец.

    Почнува јавниот увид во избирачкиот список за референдумот

    Државната изборна комисија (ДИК) оваа верзија од избирачкиот список ќе ја објави на својата веб страница. Сите граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список тоа ќе може да го направат и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

    „Сите што ќе увидат грешки во нивните лични податоци или за некој член од семејството до 23-ти ќе можат да поднесат барање за исправка. Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните треба да ги поднесат во нашите подрачни одделенија и канцеларии“, велат од ДИК.

    Избирачкиот список кој се става на јавен увид, како што велат од ДИК, е состојба од податоците на граѓаните кои заклучно со 30 септември годинава станале полнолетни.

    Според последните податоци од ДИК од локалните избори лани вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список е 1.814.644 гласачи. Тие ќе може да гласаат на вкупно 3.400 гласачки места.