×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подобрување на хигиената во општината, вети Петковски

    10.10.2017 19:46 | KumanovoNews

     Проекти за подобрување на хигиената во градот и чистење на дивите депонии, најави носителот на советничката листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски, доколку ја добијат довербата на граѓаните да ја водат општина Куманово во наредните 4 години.

    Подобрување на хигиената во општината, вети Петковски

    На денешната прес-конеференција, Петковски истакна дека во разговор со граѓаните им било посочено дека најголем проблем со кој се соочуваат е неодржување на хигиената во градот.

    „За таа цел во нашата програма за овие локални избори, предвидовме неколку проекти, со кои сметаме дека овој проблем ќе биде надминат. Како прво предвидуваме проект за селектирано собирање на отпад, а воедно предвидуваме и стимулирање на самите граѓани за овој начин за собирање на отпад. Исто така предвидуваме поставување на корпи за отпадоци на сите пофреквентни делови од градот, како и што е многу битно нивно редовно одржување. Редовните плаќачи на комуналните давачки планираме да ги стимулираме, со давање на бесплатни унифицирани канти за селектиран отпад. Дивите депонии во градот и руралните места во околината планираме да ги расчистиме, а воедно и да превземеме мерки против нивно повторно создавање, - изјави  Петковски.

    Тој додаде дека планираат ЈП “Чистота и зеленило“ конечно да почне да се занимава со основната дејност за којашто е формирано, а не како досега со периферни дејности како угостителство и стопанисување со спортски објекти.