500x100-1
12. 07. 2019 15:11

Потпишан договор за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево

Потпишан договор за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, денеска во Белград, потпишаа договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево, на македонско-српската граница.

Со овој договор значително ќе се намалат процедурите и ќе се забрзува протокот на возила, односно ќе се намали можноста за било каков застој помеѓу двата гранични премини.

“Со денешното потпишување на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево, ние всушност правиме уште еден чекор напред во интензивирање на нашата соработка. И независно што овој договор се однесува на делот на граничното полициско работење, сепак на него треба да се гледа и како на јасна контрибуција во насока на продолжување на формите за што поблиска соработка меѓу нашите две пријателски земји“, - изјави Спасовски.

Минстерот истакна дека и соработката помеѓу двете министерства за внатрешни работи, во делот на двете полиции, се на високо ниво, со јасни перспективи за нејзино динамизирање и практично оперативно работење во многу области, како во делот на граничното работење, соработка во делот на трговијата со луѓе и споделување на заеднички искуства, така и во делот на другите видови превентивно делување наспроти разните форми на прекуграничен и транснационален криминал, а во интерес на националната и регионална безбедност.

Потпишан договор за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево