×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставата „Ревизор“ на ФДУ во Кумановскиот театар

    12.11.2019 07:22 | KumanovoNews

    Актерите кои неодамна дипломираа на Факултетот на драмски уметности во Скопје, во класата на Мими Таневска Србиновска и дем. Ангелчо Илиевски, денеска (вторник) во 20 часот во Театар Куманово, ќе ја играат претставата „Ревизор“ по текст на Николај Васиљевич Гогољ.

    Претставата „Ревизор“ на ФДУ во Кумановскиот театар

    Проектот е финансиран од Министерството за култура, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран 2019“.

    „Ревизор” е социјална и морална сатира која ја играат 12 актери, според текстот на Николај Василевич Гогољ. Истата вклучува 5 чина кои се изведуваат во времетраење од 90 минути. Целта на претставата е преку комичен начин да ја прикаже корупцијата која постои во една руска провинција. Дејството се одвива во Русија во првата половина од 19 век каде во едно мало село се очекува да пристигне важна личност – ревизор. Но, на местото на важната личност, доаѓа некој друг за кој сите претпоставуваат дека е ревизорот. Целата конфузија создава комични сцени, анегдоти и неочекувани настани и недоразбирања.

    Ликовите во претставата ги играат:Томислав Давидовски, Стефанија Митовска, Наталија Ристеска,  Благој Јовановски, Виктор Велевски, Исмет Шабановиќ, Стефан Спасов, Дарко Ристовски, Maрјан Наумов, Кристијан Танчевски, Изабела Јакимова и Ана Димитров.

    Претставата е изведена повеќе од 15 пати на Факултетот за драмски уметности, Драмскиот театар во Скопје, Театар комедија во Скопје, Прилепскиот театар „Марко Цепенков“, на фестивалот „Војдан Черднодрински„ и меѓународниот студентски театарски фестивал Дионис во Хрватска, каде освои награда за најдобра претстава. Популарноста на претставата беше искористена и за обезбедување средства за хуманитарни цели.