500x100-1
10. 10. 2018 16:49

Претставата „Терапевти“ вечерва на Денови на комедија

Претставата „Терапевти“ вечерва на Денови на комедија

 Со комедијата „Терапевти“, актерската екипа на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, Бугарија, вечерва ќе се претстави пред кумановската публика на Денови на комедија.

Претставата „Терапевти“ од Кристофер Дјуранг, во режија на Владлен Александров, играат Јавор Борисов, Софија Бобчева, Калин Срменов, Александра Срчаџиева, Бојан Арсов, Мартин Каров и Ива Радоева.

Почетокот е во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.