500x100-1
08. 02. 2010 15:15

Пријави за надриписарство

Пријави за надриписарство

Кумановската полиција поднесе три посебни извештаи против Џ.А.(46) од с.Черкези, Р.О.(49) и Ч.В.(50), двајцата од Куманово за сторени три кривични дела „надриписарство“.

Во септември минатата година, во просториите на АД „Македонска Пошта“ подружница Куманово пријавените се затекнати како за одреден паричен надомест на граѓани им помагале при пополнување на разни видови на обрасци. Тие не се адвокати и немаат регистрирана дејност за давање стручна и правна помош.