500x100-1
06. 11. 2019 11:04

Променети околу 40 отсто од уличните светилки во Куманово

Променети околу 40 отсто од уличните светилки во Куманово

Околу 40 отсто од светилките се променети во Куманово и селата, откако приватна фирма започна со одржување на јавното осветлување во градот, велат од Општина Куманово.

„Чешкиот партнер ја почитува динамиката која му е дадена. Поголем број од светилките се заменети, а во наредниот период ќе се  продолжи во централното градско подрачје“,- рече градоначалникот Димитриевски.

Тој истакна и дека е задоволен од осовременувањето во осветлувањето и дека интерниот надзор од општината врши мерења, кои покажуваат дека на одредени локации интензитетот на осветлување е подобрен дури и за четири пати.

„До крајот на декември, сметаме дека согласно договорот, партнерот ќе може да го стави целосно во функција новиот систем за улично осветлување и да го преземе одржувањето, согласно договорот“,- изјави Димитриевски.

Договорот за јавно-приватно партнерство беше потпишан на 15 јули годинава, од  Општината Куманово и приватниот партнер "ИЦС СИСТЕМИ" од Чешка, подружница Охрид, кој во овој проект ќе инвестира 4,7 милиони денари.