Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минималната температура во Куманово утринава изнесува 8 степени, а во изминатите 24 часа наврнале 3 литри на метар квадратен дожд.
Времето денеска е променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд претпладне, како и во вечерните часови. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Максимална температура од 12 до 18 степени.
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали. Во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повторно затоплување се очекува од петок.