Пукна водоводна цевка во центарот на Куманово
29.06.2019 07:51
| KumanovoNews
На градскиот плоштад во близина на Тутунка банкa, утринава околи 6 часот пукнала водоводна цевка. Од притисокот водата направила кратер, а река вода се слевала по улицата „Ленинова“.

Како што информираат од ЈП „Водовод“ екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот. Се очекува водоснабдувањето да се нормализира во текот на денот.
Без вода се потрошувачите во централното подрачје, околу градскиот плоштад и улицата Ленинова.