Изгоре автомобил во Матејче
12.05.2026 08:18
| KumanovoNews
Ноќеска изгоре патничко моторно возило во липковското село Матејче.
Според информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, пожарот бил пријавен во 03.35 часот. На терен интервенирала екипа со едно возило и тројца пожарникари.
Пожарот бил целосно изгаснат во 4.55 часот.
Се работи на утврдување на причините на пожарот и матерјалната штета.
(фото. архива)